На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули. Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри.

Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот.

– Покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија. Покрај обезбедувањето на неруски гас, проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година – велат од СДСМ.

Со овој проект се обезбедува енергетската иднина на земјата и на значајниот придонес кој го направи за енергетската безбедност и економскиот развој на земјава.