Откриен првиот играч на Реал кој му сврте грб на Мбапе

997
epa11618227 Real Madrid's Kylian Mbappe blows air during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and RCD Espanyol, in Madrid, Spain, 21 September 2024. EPA-EFE/KIKO HUESCA

Ако им се верува на новинарите во „L’Equipe“, тогаш фудбалската јавност е сведок на првите проблеми во Реал (М) за Килијан Мбапе, што на некој начин беше и очекувано со оглед на неговиот статус на шеф кој го имаше во соблекувалната на ПСЖ.

Мбапе беше навикнат да го има последниот збор во францускиот гигант, но Реал (М) е клуб кој функционира поинаку и Французинот ќе мора да ги намали апетитите и ќе мора да го промени своето однесување.

Во првиот натпревар по репрезентативната пауза, Реал (М) со голови од пенал го победи Реал Сосиедад. Првиот во гол го претвори Винисиус Јуниор, а вториот Килијан Мбапе.

Неколку часа пред тој натпревар францускиот „Л’Екип“ ја објави веста дека се појавил првиот играч во Реал кого Мбапе некако почнал да го нервира.

Според изворите на францускиот весник, токму Родриго досега во неколку наврати го искажувал своето незадоволство од статусот во тимот и непризнавањето на тоа што го прави на „Сантијаго Бернабеу“.

„Се чини дека Родриго почнува да се нервира, а главна причина за ова е Мбапе“, пишува L’Equipe, а причина е фактот што Французинот има предност во стартниот состав.

На мечот со Реал Сосиедад, Родриго заврши на клупата, но поради повредата на Брахим Дијаз, бразилскиот интернационалец влезе во игра порано од планираното.

Мбапе летово пристигна во Реал откако Флорентино Перез со години се обидуваше да го доведе на секаков начин, а сега кога му успеа, тешко дека брзоногиот напаѓач ќе ја загрее клупата за резервни фудбалери.

Од друга страна, без разлика на одличните игри, Родриго е вечна резерва и практично има непроменет статус од сезона во сезона, бидејќи не може да дојде до статусот на стартер.

Во текот на летото тој долго време беше поврзуван со заминување од редовите на „кралскиот клуб“ и преселба во Манчестер Сити, но на крајот остана во Мадрид. И покрај таквиот епилог, фудбалските медиуми се убедени дека е прашање само на време кога Бразилецот ќе ја промени клупската средина.