САД испраќаат дополнителни трупи на Блискиот Исток

220
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

По серијата напади на израелската армија врз Либан, во кои загинаа најмалку 270 луѓе, а повеќе од 1.000 беа ранети, Пентагон денеска објави дека испраќа дополнителни војници на Блискиот исток.

Прес секретарот на Пентагон, генерал-мајор Пат Ридер не даде детали за тоа колку дополнителни сили се испраќаат или која ќе биде нивната мисија. Соединетите Американски Држави во моментов имаат околу 40.000 војници во тој регион, јавува Гласот на Америка.

„Поради непредвидливата природа на тековниот конфликт меѓу Хезболах и Израел, како и неодамнешните експлозии низ Либан, вклучително и Бејрут, Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијалните опции“, предупреди во саботата Стејт департментот.