Зачудувачки факт за навиките на потрошувачите: „Зошто купуваме импулсивно – од очај?!

69
Фото: pexels

Повеќето потрошувачи понекогаш подлегнуваат на импулсните купувања, но badcredit.org се обиде да открие зошто го прават тоа и побара повеќе од илјада испитаници во САД, на возраст меѓу 18 и 43 години, да им откријат што ги мотивирало да направат импулсивно купување.

Некои работи се покажаа очекувани – на пример, повеќето потрошувачи, 41 отсто од нив, одговориле дека купуваат како одговор на некои емотивни реакции, на пример, кога се вознемирени или депресивни, а меѓу нив жените се малку посклони до импулсивни набавки.

На второ место, како мотиватор се наведуваат социјалните мрежи, кои како причина за импулсивно купување ги избрале дури 33,8 отсто од членовите на генерацијата З и милениумците, додека дури 15,5 отсто од анкетираните Американци изјавиле дека купуваат од одмазда, најчесто по расправија со партнерот.

На ова следува уште еден неочекуван аргумент за импулсивно купување – наводно 13,6 отсто од испитаниците се одлучиле на тоа од очај поради политичката клима, глобалното затоплување или некој друг проблем чие решение, сметаат дека им е надвор од дофат.

Како што е објаснето во истражувањето, станува збор за феноменот „doom spending” кој им помага на младите бидејќи во текот на процесот на купување повеќе се ослободува допамин поради што се чувствуваат подобро во сопствената кожа.