Легендарниот Украинец повторно шокира: Го продаде дресот за да им помогне на Русите!/ФОТО

195

Веројатно нема човек кој од почетокот на војната во Украина не паднал повеќе во очите на Украинците  од Анатолиј Тимошчук.

Овој 45-годишен поранешен репрезентативец на Украина и поранешен играч на руски Зенит застана на страната на Русија и остана вработен во клубот од Ст. Петербург, поради што Комитетот за етика и фер игра на Украинската фудбалска асоцијација му ги одзеде сите титули и почести.

Тимошчук го држи рекордот за најмногу настапи за Украина (144), но тоа не значи ништо за луѓето во неговата земја кои се огорчени што тој никогаш не се огласил од почетокот на руската инвазија.

Сега Тимошчук направи нов неверојатен потег.

Тимошчук продаде дрес на Зенит на аукција, а парите во износ од приближно 6.500 евра ги донира за помош на Русите во областа Курск, каде што украинските војници нападнаа на почетокот на август, пренесува sport.ua.

„Ти си вистинско ништо. Си го ставил дресот на продажба да им помогнеш на Русите. Од првиот ден на војната зборував дека ти си… Што си ти Тимошчук? Многу ми е жал што играв со тебе во ист тим. Ти си руско куче, кое се продаде за пари. Но, запомни, твоите родители живеатовде. Што ти е во умот?“; напиша на Инстаграм Олександр Алиев, поранешниот соиграч на Тимошчук од репрезентацијата.