Цените на нафтата скокнаа, во фокус е Блискиот Исток

26

Цените на нафтата денеска се искачија на 75 долари на меѓународните пазари поради ескалацијата на Блискиот Исток, што го намали стравот од слабеење на побарувачката во Кина и САД.

На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за испорака во ноември беше за 51 цент повисока отколку на затворањето на трговијата на крајот на минатата недела и изнесуваше 75,00 долари. На американскиот пазар барелот со датум на испорака во ноември се тргуваше за 65 центи поскапо, на 71,65 долари.

Американската централна банка ги намали клучните каматни стапки за половина процентен поен минатата недела, а реакциите на трговците се движеа од проценките дека пониските трошоци за задолжување ќе ја поттикнат економската активност и побарувачката за енергија до стравувањата дека зголемената проценка на стапката на невработеност најавува послаб период во најголемата светска економија.