Ножеви во пица, сомбрера…Во крвава пресметка на картели во Мексико убиени најмалку 10 луѓе

57
EPA-EFE/Francisco Guasco

Телата на најмалку 10 луѓе, од кои некои беа пронајдени со сомбреро и парчиња пица залепени со ножеви за нив, се пронајдени во мексиканската држава Синалоа, каде, според Си-Би-Ес, завојуваните фракции на картелот Синалоа се во конфликт.

Мексиканските медиуми објавија дека телата на пет лица биле пронајдени на улица, полуголи и со капи на главите, за кои се верува дека е начин да се испрати порака до ривалската група.

Во одделен инцидент, три лица за кои се верува дека се членови на картелот беа убиени при размена на оган со полицијата, а едно лице беше уапсено, изјави гувернерот на Синалоа, Рубен Роча Моја.

Околу 70 луѓе се убиени во таа држава од 9 септември, повеќето од нив во главниот град на Синалоа, Кулијакан, по апсењето на еден од водачите на картелот Синалоа, Исмаел „Ел Мајо“ Самбада, како и синот на основачот на картелот, Хоакин Гузман Лопез.

Самбада и Гузман беа приведени на аеродром во Ново Мексико кон крајот на јули, по што беа однесени во Ел Пасо, Тексас, каде што се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога.