Обележани велосипедските патеки на планините во Дебрца

16

Во рамките на проектот „Патеки на откривање“, деновиве се изврши обележување на велосипедските патеки во Општина Дебрца.

Здружението за планински велосипедизам „Рупикапра МТБ“ го спроведува проектот „Патеки на откривање“, со поддршка од Општина Дебрца. Проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

– Со ова им се овозможува олеснет пристап на љубителите на планинскиот велосипедизам и на љубителите на планинарењето по падините на планините во Општина Дебрца, за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велосипедска патека – велат од Општина Дебрца.