Старо-новиот шеф на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, ја потврди оваа информација до која дојде весникот ВЕЧЕР. – Бројот на автобуси ќе биде сосема доволен, бидејќи поставеноста и организацијата ќе бидат сосема поинакви, за да може превозот да го усогласиме во обем што го имаат приватните превозници. Во преговори сме со неколку производители на автобуси за набавка на возила што ќе бидат понови од сите автобуси во ЈСП и од оние на приватните превозници, а ќе бидат комбинирани на гас и повеќето ќе бидат на дизел со највисоки еколошки стандарди, изјави Јовановски. Овој проект, како што рече, ќе биде навремено реализиран, бидејќи има сериозен партнер од странство кој, засега, не сака да го обелодени.
Скопската градоначалничка не се откажува од планот за набавка на нови автобуси за потребите на ЈСП и оваа одлука за набавка на еко-автобуси ќе биде ставена на дневен ред и на седницата на Советот на Град Скопје што е закажана за в четврток
Во првата половина од наредната година, јавниот градски превоз ќе се поднови со нови и со половни градски автобуси, не постари од шест години. Оваа информација до која дојде весникот ВЕЧЕР ја потврди поранешниот директор на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, кој и официјално најави враќање во приватниот градски превоз.
Тој истакна дека ќе набави стотина автобуси, од кои дел ќе бидат нови, додека дел од нив ќе бидат половни, не постари од шест години.
– Бројот на автобуси ќе биде сосема доволен, бидејќи поставеноста и организацијата ќе бидат сосема поинакви за да може превозот да го усогласиме во обем што го имаат приватните превозници. Во преговори сме со неколку производители на автобуси за набавка на возила што ќе бидат понови од сите автобуси во ЈСП и од оние на приватните превозници, а ќе бидат комбинирани на гас и повеќето ќе бидат на дизел со највисоки еколошки стандарди – изјави Јовановски.
Овој проект, како што рече, ќе биде навремено реализиран, бидејќи како што информираше, има сериозен партнер од странство кој, за сега, не сака да го обелодени.
Тој рече дека ќе конкурира на јавниот оглас за приватни превозници што ќе го распише Град Скопје. За тоа дали се плаши оти можеби ќе биде одбиен од скопската градоначалничка, Јовановски истакна: „Ние како „Слобода превоз“, заедно со партнерот ќе конкурираме, ако има некој со подобри услови од нашите, нека победи. Тогаш ќе се види кој сака или не сака нови автобуси“.
Јавниот градски превоз во Скопје во моментот се „крпи“ од Град Скопје и од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кое нема доволен број возила да одговори на потребите на скопјани, поради што тие се соочуваат со нервози, чекања на автобуските постојки и доцнење на работа, на училиште, но и на закажи прегледи итн.
Скопската градоначалничка, Арсовска која во предизборната кампања најавуваше бесплатен јавен градски превоз за сите не успеа ниту да го обнови возниот парк.
Од друга страна пак, градските советници ја кочат набавката на нови еко-автобуси, со тоа што, иако одлуката за набавката е на дневен ред на повеќе седници, тие не ја гласаат.
Оваа одлука за набавка на еко-автобуси е на дневен ред и на седницата на Советот на Град Скопје што е закажана за в четврток.
Како што се наведува во образложението на одлуката крајна цел за донесување на оваа одлука е да се обезбеди нов градски превоз во главниот град, преку ефикасна и економска транспортна мрежа. Воведувањето на еколошки автобуси ќе го намали загадувањето на воздухот и ќе обезбеди брз, безбеден и квалитетен превоз, кој ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните.
Воедно, ќе ги поддржи напорите на градот во справување со предизвиците на јавниот превоз на поефикасен и структуриран начин, преку подготовка и имплементација на одржлив урбан план на мобилност, кој ќе води кон подобрување на јавниот транспорт и ќе го направи поатрактивен, сè со цел да се намали користењето на приватните автомобили.
За решавање на хаосот во јавниот градски превоз, но и проблемот со хигиената и собирањето на сметот во градот, градоначалничката Арсовска беше на средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински. Но, како што рекоа од Владата таа била без никаков план за тоа како ќе се поправат состојбите во Градот и во јавните претпријатија. Таа имаше и координативна средба со претставници од советничките групи, која беше затворена јавноста, а која исто така помина без никаков ефект, па ниту еден од проблемите до денес не е решен.
(А.П.)