Почна реконструкцијата на улицата „Хо Ши Мин“

38

Општина Бутел започна со реконструкција на улицата „Хо Ши Мин” со површина од 6.040 квадратни метри и должина од 1.032 метри.

Од Општината велат дека оваа клучна сообраќајница повеќе од 40 години никој не ја реконструирал, што, како што нагласуваат е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓа.

– Граѓаните се оние кои ја дадоа довербата и се работи во нивен интерес. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во нашата општина. Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон во обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел – соопштија од локалната самоуправа.