На стартот од новата сезона во АБА лигата се случи едно големо изненадување, но и една стравотна повреда на младиот Словенец Жига Данеу (22). За среќа, од Цедевита Олимпија објавија дека нивниот кошаркар е надвор од животна опасност!

Младиот центар на тимот од Словенија доживеа страшен пад кон крајот на натпреварот помеѓу ФМП и Цедевита Олимпија. Дуелот мораше да биде прекинат, а Данеу беше изнесен од салата на носилки и неговиот врат беше имобилизиран. Имаше стравувања дека повредата е многу сериозна, ги видовме шокираните лица на неговите соиграчи, но Словенецот е во добра здравствена состојба.

  • По падот на мечот со ФМП, Жига Данеу беше детално прегледан, при што беше утврдено дека од ударот нема сериозни последици и дека здравјето на Жига е добро. Во раните утрински часови Жига веќе бил во хотелот со останатите на неговите соиграчи. По доаѓањето во Љубљана ќе бидат извршени дополнителни лекарски прегледи, се вели во соопштението на Цедевита Олимпија.

Данеу игра на позицијата крилен центар, роден е 2002 година и е висок 211 ​​сантиметри. Освен за Цедевита Олимпија, во татковината играше и за Илирија и Домжале, а на мечот со ФМП на теренот беше само три минути. На крајот „панцерите“ го добија мечот со 75:62, иако сето тоа падна во втор план поради повредата на Данеу.

Неговиот пад го шокираше целиот регион, а видовме дека некои од соиграчите дури и плачеа додека Данеу го изнесуваа од салата.

Инаку, на стартот од новата сезона, богатиот Дубаи го приреди и првото изненадување откако ја совлада Црвена звезда со 86:84.