Тренерот на кошаркарскиот гигант Барселона, Жоан Пењароха, зборуваше за неговото заминување од Басконија и како реагирал неговиот татко на тоа. Пењароха имаше успешна сезона со Валенсија, претходната беше дел од Басконија, но не со таков успех, поради што клубот од Виторија реши да се раздели со него.
- Никогаш не ми се случи да добијам отказ. Поминаа многу месеци и јас го прифатив тоа најдобро што можев. Привилегија да се биде тренер овде, изјави шпанскиот стратег за „Мундо Депортиво“.
Потоа се осврна на ангажманот во Барселона.
- Сакав да бидам на место каде што веруваат во мене и каде што има проект. Татко ми полуде со потписот за Барселона. Што се однесува до мене, јас сум фудбалски љубител и кога ќе имам можност ќе одам на „Ноу Камп“, заврши Пењароха.