Инцидент на лет на Скандинавиан ерлајнс: Пилотот морал принудно да го приземји авионот откако патник пронашол „изненадување“ во храната

199
Фото: википедија

Во авионот на Scandinavian Airlines дошло до инцидент, па шефот на екипажот решил да го приземји авионот на најблискиот аеродром во Данска.

Авион на Scandinavian Airlines кој летал за Шпанија принудно слетал откако во храната на еден од патниците било пронајдено „изненадување“.

Авионот полетал од Осло (Норвешка) за Малага (Шпанија) во среда, 18 септември. Во еден момент, глодар кој скокнал од послужавникот почнал да трча низ кабината и до смрт ги преплашил повеќето патници.

Еден од очевидците, Жарле Борестад, ја даде својата верзија на настаните на Фејсбук, откривајќи некои детали за тоа што се случило за време на летот.

„Верувале или не, госпоѓата до мене … ја отвори храната и жив глушец скокна надвор“, се сеќава тој.

Откако глушецот го виделе членовите на екипажот, пилотот немал друг избор освен непланирано слетување во Копенхаген. Според правилата, авионот не може да биде во воздух доколку во него има глодари, бидејќи може да ја оштетат електричната инсталација.

Кога авионот слетал, патниците биле префрлени на друг лет, а потоа испратени во Малага.

Портпаролот на авиокомпанијата подоцна издаде изјава: „Ова е исклучително ретко. Поставивме конкретни насоки за овие ситуации, кои вклучуваат и врски со добавувачите, за да се осигураме дека тоа нема да се повтори“.