Инцидент во авион на „Изи-џет“ пред полетување: Сите 236 патници се евакуирани по експлозија на вап во рачен багаж

183

Патниците на авионот на компанијата „Изи-џет“ кој летал од Грција за Велика Британија се евакуирани откако во рачниот багаж на еден патник експлодирал вап.

Авионот, на летот EZI8261 од Ираклион, Крит, требаше да полета за Лондон Гетвик во вторникот во 13.55 часот, кога истрели и чад ја исполнија кабината, објави Индипендент.

Сите 236 патници за неколку минути се евакуирани на пистата.

Оние во Ербас А321 изјавија за Mail Online дека „имаше многу голем црвен блесок и пламен проследен со густ црн чад“.

Во пожарот нема повредени патници, но еден патник е повреден при евакуација на авионот.

Четири лица загинаа, а 18 се ранети во вооружен напад во Алабама

Летот доцнел, а авионот за Лондон тргнал по 23 часот, пренесува Танјуг.