Трагедија во Неапол: Две деца загинаа при уривање на двокатница

43
Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Најмалку две лица загинаа кога денеска се урна двокатна зграда во Савијано, во провинцијата Неапол, по експлозија на гас.

Скај њуз објави дека се починати две деца од петчлено семејство.

Како што додава АНСА, тие биле затрупани под урнатините на зградата.

На местото на несреќата има карабинери и пожарникари кои пружаат помош, јавува Танјуг.