Џенифер Лопез неодамна се разведе од Бен Афлек, а нејзиниот прв сопруг се присети на нивниот заеднички живот за време на нивниот брак. Латино дивата Џенифер Лопез за прв пат стапна на лудиот камен пред 26 години. Нејзиниот избраник во тоа време беше Охани Ноа, актер и личен тренер.

Тој и Џеј Ло се запознале во 1996 година, додека Ноа бил келнер и по само неколку месеци врска решиле да се венчаат. Интересно е што Ноа е единствениот сопруг кој ја познавал Џенифер пред големата светска слава.

“Јас бев првиот пионер. Стоев покрај неа како поддршка на почетокот на нејзината кариера кога се бореше со анксиозност и несигурност. Бев навистина добар сопруг бидејќи верувам во брак. Кога се разведовме, моето срце беше скршен имав чувство дека повеќе не сум потребeн кога таа доби сè од мене“, рече тој.

Исто така, интересно е што Џеј Ло го користеше истиот прекар за него и за Бен, „папи“, што значи тато. Сепак, нејзината потреба за медиумско внимание ја победи љубовта.

„Кога поминувавме низ пеколот и моравме да одиме некаде како пар, јас бев во лошо расположение. Знаев дека не сме добри. Ги мразев црвените килими. Таа се обидуваше да ме наговори да одам со неа, но oдбив, не сакав да се преправам“, изјави Кубанецот и потврди дека опседнатоста на Лопез со медиумското внимание била честа причина за нивните кавги.

Тврди дека токму тој ставил точка на врската, а разводот бил доста бурен.

„Никогаш не гледав друга жена кога бев со неа, и ми се чинеше дека јас сум лошото момче во таа приказна. Нејзините луѓе сакаа таа да биде добro, бидејќи следуваше филм, а потоа албум. Тие не сакаат негативен публицитет“, истакна Ноа.

Тој дури и претходно истакна дека не гледа светла иднина за неа и Бен.

“Џен сака да биде заљубена, но се вери шест пати. Бен е нејзиниот четврти сопруг. Бев нејзин прв сопруг и таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. На нашата прва брачна ноќ ми рече дека одиме да бидеме заедно засекогаш“, додаде Ноа.