Хезболах објави имиња на 14 нејзини припадници убиени во израелскиот воздушен напад врз либанскиот главен град Бејрут, заедно со главниот командат Ибрахим Акил, пренесува Си-ен-ен.
Во нападот е убиен уште еден висок оперативец на Хезболах, Ахмед Вахаби, кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во воната во Газа од почетокот на годината.
Претходно, известија за смртта на Талеб Абдула, командант на регионалната девозија Наср, Мухамед Насер, командант на регионалната девизија Азиз и Висам ал Тавил, заменик-шеф на елитната единица Радван.
Од почетокот на борбите на 7 октомври минатата година Хезболах соопшти дека се убиени 497 нивни членови.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека во нападот загинале 14 лица, а повеќе од 66 се ранети.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кратка изјава по убиството на командантот на Хезболех рече дека целите на Израел се јасни и дека постапките говорат само за себе.
Министерот за одбрана на Израел Јоав Галан рече дека нема да отстапат од своите цели по убиството на највисоките команданти на Хезболах во Бејрут.