Бугарскиот тенисер Григор Димитров на прес-конференција со медиумите зборуваше на повеќе теми, но се осврна и на допинг-скандалот со Италијанецот Јаник Синер, за кого рече дека морал да добие суспензија.

„Ако веќе постојат правила и некој ги прекршил, а за возврат не добил казна, тоа никому не му се допаѓа. Според сите норми и параметри, Синер мораше да добие суспензија, без оглед на тоа дали имал намера или немал. АТП знаеше за ситуацијата, без разлика дали до фактите дојде порано или подоцна. Ние ќе продолжиме да играме и да се бориме за трофеи, но Синер требаше да биде суспендиран барем сезонава. Тоа е моето искрено мислење“, рече Димитров.

Јаник Синер продолжи со настапите на тениските турнири, а неодамна се закити со со втората грен слем титула, откако триумфираше на САД Опен.

Бугарскиот тенисер пред неколку дена го победи најдобриот тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ, во егзибиционен натпревар во Софија.

Димитров имаше и забележителен настап на САД Опен, каде стигна до четвртфиналето. Негов најголем успех е победата на Завршниот мастерс турнир во 2017 година, а има одиграно и три полуфиналиња на грен слем турнирите – Австралија опен во 2017, Вимблдон (2014) и САД Опен (2019)