Кафето е добро за срцето и мозокот, а истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат две или три шолји дневно имаат помал ризик од срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес тип 2. Експертите од Универзитетот Сужоу во Кина користеле податоци од 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.

Тие откриле дека луѓето кои умерено пијат кафе – две до три шолји дневно – имаат помала веројатност да развијат две или повеќе кардиометаболни заболувања отколку оние што не пијат.

Ова се сериозни болести кои можат да се спречат, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар, дијабетес тип 2, отпорност на инсулин и заболување на замастен црн дроб.

Студијата, објавена во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам, покажа дека луѓето доживуваат слични придобивки ако пијат 200 до 300 mg кофеин дневно од друга храна или пијалоци.

Водечкиот автор на студијата д-р Чаофу Ке рече: „Нашите наоди нагласуваат дека умерените количини кафе или внес на кофеин може да имаат далекусежни придобивки.

Пиењето три шолји кафе на ден може да помогне да се намали ризикот од развој на кардиометаболен мултиморбидитет. Зрната кафе се преполни со полифеноли кои поддржуваат добро здравје, а претходните студии сугерираат дека пијалокот нуди голем број медицински придобивки.

Истражувањата покажаа дека кафето може да ги заштити срцето и црниот дроб и да го намали ризикот од деменција и некои видови на рак.