Кина: Државна службенчка е осудена на 13 години затвор – примала мито, имала 58 љубовници меѓу подредените

76

Поранешна висока државна службеничка во југозападна Кина Жонг Јанг е осудена на 13 години затвор и парична казна од 130.000 евра за злоупотреба на положбата, вклучително и сексуални односи со 58 подредени и примање поткуп од речиси осум милиони евра.

Жонг (52) претходно беше гувернерка и заменик-секретарка на Комунистичката партија во округот Кианан, провинцијата Гуижоу.

Позната по својот изглед, таа честопати е нарекувана како „убавата гувернерка“ за време на нејзиниот мандат, а не се мажела и немала деца, објави South China Morning Post (SCMP).

Жонг се стекна со признание со основање на здружение за овошје и земјоделство за да им помогне на земјоделците и инвестираше свои средства за поддршка на постарите лица на кои им е потребна.

Сепак, документарецот снимен во јануари од страна на Giju Radio and Television откри „загрижувачки аспекти од нејзината работа“.

Извештаите покажаа дека Жонг прима мито и ја искористила својата позиција за да обезбеди поволни договори за компании со кои имала врски под изговор дека тоа се државни инвестиции.

На пример, таа одобрила развој на 170.000 квадратни метри земјиште во високотехнолошки индустриски парк за бизнисмен со кој имала блиски односи.

Подоцна тој бизнисмен го пренаменил земјиштето во развој на недвижен имот, од кој наводно значајно профитирала.

Според извештаите на NetEase News, покрај нејзината потрага по моќ и богатство, Жонг имала и бројни афери со машките подредени, користејќи изговори како „прекувремена работа“ и „службени патувања“ за да поминува време со љубовниците.

Некои мажи станале нејзини љубовници поради предностите што ги нудела, додека други биле принудени да учествуваат од страв од нејзиниот авторитет.

Жонг наводно се забавувала со 58 љубовници и често ја гледале во приватни ноќни клубови, додаде SCMP.

Во април минатата година, владата на Гију започна истрага за нејзините постапки, што доведе до пресуда за корупција.

Покрај 13 години затвор и парична казна од 130.000 евра, таа е исклучена од партијата и разрешена од јавна функција, јавува Танјуг.