Милеј и Маск ќе се сретнат во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на ОН
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј ќе се сретне со извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, во понеделник во Њујорк на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави неговиот портпарол Мануел Адорни на денешната прес-конференција.
Маск и Милеј се сретнаа претходно оваа година во Тексас, ветувајќи дека ќе работат заедно за да го промовираат слободниот пазар, како и потенцијалните проекти поврзани со литиум, објави Ројтерс.
Аргентинскиот лидер ќе се сретне и со претседателот на Еквадор, Даниел Набо, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со шефицата за владини работи и јавна политика на Гугл, Карен Батија.
Милеј во вторник ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН за прв пат како претседател откако ја презеде функцијата во декември минатата година, пренесува Танјуг.
Маск го покажа своето восхитување на Милеј поради неговиот интерес за приватни претпријатија и презирот кон она што го гледа како социјалистички испади, наведува агенцијата.