Базар на производи во рамки на фестивалот „Питијада 2024“

17

Општина Велес ќе организира Базар на производи од рачна изработка во рамки на фестивалот „Питијада 2024“, што ќе се одржи  на 11, 12 и 13 октомври 2024 година.

По тој повод локалната самоуправа ги повикува заинтересираните граѓани, правни и физички лица  кои сакаат да ги изложат своите ракотоворби во Младински парк, да достават барање за тезга во Граѓанскиот сервис центар во Општина Велес.

Заедно со барањето, правните лица треба да достават копија  од тековната состојба, додека физичките лица е потребно да достават копија од лична карта.

– Ве очекуваме да бидете дел од најмасовната манифестација од забавен карактер – повикуваат од Општина Велес.