„Оро без граници“ по 33. пат

47

Детскиот културен центар „Карпош“ и неговиот фолклорен ансамбл и годинава се домаќини на меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, кој се реализира 33 години, во континуитет.

Централниот настан ќе се одржи утре, на Школката во Градскиот парк, со почеток во 19:00 часот. Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде што се формира најголемото оро, оро што не познава граници, оро што е симбол на пријателството меѓу децата.

– Детскиот фолклорен фестивал „Оро без граници“  придонесува за зачувување и за презентирање  на знаменитостите по кои е препознатлив Градот Скопје – изјави директорката на  ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска.

Главен покровител на фестивалот е Град Скопје. Овој фестивал ги има своите почетоци во далечната 1991 година.