Ана Ивановиќ во прегратка со Роже Федерер/ВИДЕО

424
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ заедно со сопругот Бастијан Швајнштајгер беше специјален гостин на отворањето на Лејвер купот во Берлин во четвртокот вечерта.Таму на црвениот тепих „налета“ на Роже Федерер кој е еден од основачите на натпреварувањето и срдечно се прости од еден од најдобрите тенисери во историјата.„Убаво е што те гледам“, ѝ рекол Федерер на Ана кога се сретнале и имале краток разговор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laver Cup (@lavercup)

Славниот Швајцарец срдечно се поздрави и со сопругот на Ана, а потоа позираа заедно.

Ана носеше атрактивен црвен фустан со прерамки, со шлиц на страна, додека Швајнштајгер носеше смокинг.