Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, претпоставува дека Ландо Норис е прв возач на Мекларен, бидејќи бил „петпати повеќе платен“ од Оскар Пјастри.

Хорнер зборуваше за возачите на Мекларен и за тој британски тим, кој се вклучи во борбата за титулата. Ред Бул водеше во поголемиот дел од сезоната, а Мекларен прво ја намали разликата со добрите резултати, а минатата недела на трката во Азербејџан поведе во генералниот поредок со 20 поена предност, кога е во прашање генералниот пласман кај конструкторите.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се обидува да ја освои четвртата последователна титула, но нема победа од јуни и од трката во Шпанија, Норис му се доближи на 59 бода, а неговиот тимски колега Пјастри има 32 поена помалку од него.

Пред трката во Баку, директорот на Мекларен, Андреа Стела, рече дека одлуките ќе бидат „50-50“ во корист на Норис додека тој се бори за титулата. Сепак, тој помина лошо во квалификациите, стартувајќи на 15. место и на крајот заврши четврти, додека Пјастри победи. Стела рече дека тимот нема прв возач, односно дека некој ќе биде фаворизиран, па затоа и двајцата ќе мора да ги почитуваат тимските правила.

-Обично таквите работи се решаваат зад затворени врати и не сум баш сигурен кои се правилата. Се чини дека и таму има конфузија. Секој тим е различен, нашите правила се многу јасни и на што е фокусот до крајот на годината. Имаме возач кој се бори за титулата, тоа е тимски спорт и многу е јасно дека задачата на Серхио Перес е да го поддржува Макс до крајот на годината рече Хорнер, па додаде:

  • Различни тимови ги прават работите на различни начини. Кога имате возач како Макс Верстапен, знаете кој ви е втор возач. Ландо Норис, тие му плаќаат пет пати повеќе од Оскар, па претпоставувам дека тој е возач број еден. Има збунетост кога не си целосно јасен од самиот почеток, додаде тој.

Од Мекларен изјавија дека приоритет им е титулата во шампионатот на конструктори. Пјастри е во својата втора сезона во Формула 1 и има освоено најмногу бодови од кој било друг возач на последните седум трки, на кои Ред Бул е без победа.