„Катар Ервејс“ им забрани на патниците да носат пејџери во багажот

400

По масовната експлозија на пејџери во Либан, катарската авиокомпанија „Катар ервејс“ им забрани на патниците да носат пејџери во багажот.

Забраната се однесува на патниците на таа авиокомпанија на летовите од Бејрут, а е донесена во согласност со директивите на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Република Либан.

„Стапува на сила веднаш: Во согласност со директивата добиена од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Република Либан, на сите патници кои летаат од меѓународниот аеродром Рафик Харирл во Бејрут им е забрането да носат пејџери и воки-токи на летовите. Забраната се однесува ни на пријавениот и на рачниот багаж, како и на товарот и ќе важи до натамошно известување“, соопштија од компанијата преку социјалната мрежа X.