НАПАД СО НОЖ ВО РОТЕРДАМ: Еден убиен и еден повреден – напаѓачот извикyвал „Алаxу акбаp“

28

Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град Ротердам кога напаѓач, извикувајќи Алах Акбар, нападнал луѓе со нож, јави холандската јавна телевизија НОС.

Осомничениот за нападот кај мостот Еразмо е уапсен и пренесен во болница, како и лицето повредено во нападот.

Портпаролот на полицијата Весел Столе изјави дека се уште не се познати мотивите за нападот.

Според холандскиот дневен весник De Telegraaf, повикувајќи се на сведоци, напаѓачот имал два ножа, а случаен минувач го удрил напаѓачот со две палки и успеал да му ги земе ножевите. Сведокот рече дека прво мислел дека се работи за тепачка, но кога се доближил видел дека напаѓачот држел два ножа и со нив ги прободува минувачите.