Џејмс повторно во фокусот

31

Офанзивниот бек на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Рис Џејмс, повторно е желба на раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М), открија британските медиуми. Истите извори трврдат дека репрезентативецот на Англија ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 45 мил. евра.