Прелиминарната истрага на либанските власти за комуникациските уреди што експлодираа во Либан оваа недела покажа дека во нив бил вграден експлозив пред да стигнат во земјата, се вели во писмото испратено до Советот за безбедност на ОН од мисијата на Либан во Обединетите нации.
Либанските власти, исто така, утврдија дека уредите, вклучително и пејџери и рачни радија, биле активирани со испраќање електронски пораки до уредите, се вели во писмото до кое дојде Ројтерс.
Либанската мисија на ОН, исто така, го обвини Израел за планирање и извршување на нападите, во кои загинаа најмалку 32 лица, а повеќе од 3.000 беа ранети.
Според Ројтерс, утре се очекува да се состанат 15 членки на Советот за безбедност на ОН поради смртоносните експлозии во Либан во вторник и среда.