Фудбалер во куферите сокрил 60 килограми канабис вреден 800.000 долари

80

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Ипсвич Таун, Џеј Емануел-Томас (33) е приведен поради организирање обид за шверц на 60 килограми канабис во вредност од околу 800.000 долари.

Англиската полиција на почетокот на септември открила канабис скриен во четири куфери кои пристигнале од Бангкок на аеродромот Стенстед. Во патните торби биле сокриени 60 килограми канабис во вредност од околу 800.000 долари.

Полицијата приведе две жени на возраст од 28 и 32 години, а една од жените е партнерка на Емануел-Томас. Неколку дена подоцна полицијата приведе и англиски фудбалер, кој моментално настапува за шкотскиот второлигаш Гринок Мортон, под сомнение дека организирал се.

Џеј Емануел-Томас се изјасни за невин по обвинението пред Судот на Карлајл, но неговиот адвокат рече дека тој „жестоко“ негирал вмешаност во каква било шема за увоз на дрога во Велика Британија и сакал да го исчисти своето име на судењето.