ДРАМА НА НЕБОТО НАД ЦРНА ГОРА: Пилот на „Полиш ерлајнс“ пријавил бомба во авионот

913

Пилотот на националната полска авиокомпанија „ЛОТ Полиш ерлајнс“ попладнево пријавил во полицијата во Подгорица дека на летот има бомба. Набргу по дојавата, полициските сили, вклучително и Анти-диверзантската заштитна група, реагираа брзо и започнаа итна потрага по леталото.

„Сите патници се безбедни, а останатите операции засега се одвиваат непречено“, соопштија од аеродромската управа. Контролата се врши по пропишани процедури во соработка со полицијата и другите служби, пишува Вијести.ме.

Авионот кој летал од Варшава (лет LO585) летал над Црна Гора кога капетанот ја известил Контролата на летање дека мора итно да слета на пистата на аеродромот во Подгорица. Авионот слетал во 16 часот и 34 минути, а во моментов е во тек антидиверзантска проверка.