Мицкоски се сретна со Шарл Мишел: „Европа да, врз основа на реални критериуми!“

38

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информираше дека имал средба со првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел на кој порачал дека е за Европа, но исклучиво врз база на реални критериуми.

Имав средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Разговаравме за европската иднина на регионот и нашите потенцијали. Европа да, врз основа на објективни и реални критериуми, напиша Мицкоски на ФБ објавувајќи фотографии од средбата.