Над 7.500 ученици од Аеродром добија бесплатни училишни униформи

19

Над 7.500 ученици од сите основни училишта на територијата на општина Аеродром и оваа година добија бесплатни училишни униформи составени од две блузи, две маички и дуксер.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром. Дејан Митески денеска присуствуваше на доделувањето на униформите во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром, каде што дечињата со радост ја добија својата нова училишна облека.

– Целта на овој проект е да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка во голема мера да се растовари и буџетот на семејствата кои имаат основци – потенцираат од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека за набавка на овие униформи се издвоени речиси 19 милиони денари.

-Сакаме сите ученици да имаат еднаков пристап до образованието, а ние како Општина ќе продолжиме да вложуваме во училиштата и во подобрување на условите за наставата – велат од локалната самоуправа.