Северна Кореја истрела неколку балистички ракети

46
Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Северна Кореја утрово истрела неколку балистички ракети со краток дострел, соопшти јужнокорејската војска. Според соопштението, ракетите биле истрелани кон североисток околу 6:50 часот по локално време.

Јужнокорејската војска ги анализира деталите од тестот, втор за една недела.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека еден проектил паднал во морето.

Војската на Северна Кореја оваа година изврши десетици тестови. Некои експерти тврдат дека тестовите се поврзани со наводното снабдување со оружје на Русија.