Како што пренесува германски „Билд“, најдобриот светски ракометар за 2023 година Матијас Гидсел, би можел да ги засили редовите на Фленсбург во летото 2026 година. Суперѕвезда од Данска има валиден договор со актуелниот вицешампион во Бундеслигата, Фиксе Берлин до летото 2028 година. Заминувањето на одличниот десен бек секако би било голема загуба за „лисиците“, но и Фленсбург би требало да понуди голема сума на пари, што веројатно би претставувало рекорден трансфер во светот на ракометот.

Следното лето, по 13 години, Швеѓанецот Џим Готфридсон ќе го напушти Флензбург и ќе заигра за Пик Сегед, па доведувањето на Матијас Гидсел би било полн погодок, со оглед на тоа што Фленсбург е позната колонија на дански играчи како играат: Симон Питлик, Емил Јакобсен, Никлас Киркелоке, кои заедно со Гидсел го освоија златото на последните Олимписки игри во Париз, а претходно заедно играа во тимот ГОГ Гудме, од каде го започнаа својот пат кон најсилната лига на светот.