Британските медиуми немаат дилема дека лондонскиот премиерлигаш Челзи и за време на зимскиот преоден рок ќе се обиде да ги осигура услугите на нигерискиот интернационалец, Виктор Осимен. Брзоногиот напаѓач е во сопственост на италијанскиот калчолигаш Наполи, а моментално настапува како позајмен играч во дресот на турскиот суперлигаш Галатасарај.