Украина ја повика меѓународната заедница да не ја поврзува со атентатот на Трамп

43

Украинското Министерство за надворешни работи ја повика меѓународната заедница да се воздржи од вештачко поврзување на Рајан Весли Раут, осомничениот за атентатот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, со Украина, и покрај фактот што Раут ја поддржувал Украина во војната против Русија, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи  Георгиј Тихи

„Да, од веста гледаме дека осомничениот јавно ја поддржувал Украина во минатото. Но, во САД има стотици милиони луѓе кои ја поддржуваат Украина. И очигледно тоа е разновидна група на луѓе. Ги повикуваме сите да се воздржат од вештачко поврзување на дејствијата на осомничениот со Украина“, рече тој, пренесува агенцијата „Суспилне“.

Тихи истакна дека Украина силно го осудува овој „криминален чин и сите форми на политичко насилство“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи.

Американецот Рајан Весли Раут (58), кој беше уапсен во врска со безбедносниот инцидент на Флорида што ФБИ го истражува како обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, во понеделникот беше обвинет пред федералниот суд за нелегално поседување огнено оружје и поседување на огнено оружје со избришан сериски број.

Тој наводно се криел во грмушките 12 часа, никогаш не го имал Трамп на повидок и не испукал ниту еден истрел.

Републиканскиот претседателски кандидат е неповреден и безбеден, соопшти полицијата.

Пукањето се случи околу два месеци откако Томас Метју Крукс го убил Трамп на митинг во Батлер, Пенсилванија на 13 јули, кога Трамп се здоби со повреда на увото.