Амазон ќе ги враќа работниците во канцеларија

28
The logo of Amazon is seen at the company logistics centre in Boves, France, August 8, 2018. REUTERS/Pascal Rossignol - RC1783E55180

Досега за вработените во Амазон важеше правило дека во текот на неделата треба да поминат најмалку три дена во канцеларија.

Според Џеси, укинувањето на хибридниот модел бил дизајниран за подобрување на соработката и меѓусебната поврзаност помеѓу вработените со цел да се обезбеди најдобра услуга за клиентите, но и да се подобри бизнисот.

– Кога ќе погледнеме наназад на изминатите пет години, сè уште веруваме дека предностите да се биде заедно во канцеларија се значајни, наведе Џеси.

Промената ќе стапи во сила од јануари 2025 година.