Одбрана компанија за набавка на компресорска станица на Клинички

25

Хирушките сали на Клинички конечно ќе добијат кислород. Министерството за здравство одлучи дека поволна е понудата за инсталирање на нова компресорска станица на фирмата Винора ДООЕЛ – Скопје. Оваа е единствената компанија што се пријави на вториот тендер за набавка, монтажа и пуштање во работа на системот за компримиран воздух кој ќе ги снабдува сите клиники. По периодот на жалба, ќе биде потпишан и договорот информираат од Министерството за здравство.

Рокот за инсталирање на новите пумпи за кислород е четири месеци.Тоа значи дека на почетокот на 2025 година операционите сали ќе почнат нормално да функциониораат. Проценетата вредност на набавката е над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

“Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од четири месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот оглас” велат од Министерството за здравство.

Според Таравари проблемот со операционите сали бил надминат со користењето надворешни компресори и повеќето клиники добро функционирале.