Расчистени диви депонии на Пластичарската улица и во Топаана

25

Екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена вчеравечер реализирале активности за отстранување голема дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Воедно, било интервенирано и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во населбата Топаана, каде што се расчистени повеќе помали диви депонии.

-Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани, приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини – соопштија од ЈП Комуинална Хигиена.