Вака изгледа животот во „Чудовиштето“, во најскапиот град на светот/ВИДЕО

414

Живеењето во еднособен стан во огромниот облакодер во Хонг Конг ќе ве чини околу 2.000 евра месечно, додека становите со големина од само неколку метри се изнајмуваат за неколку стотици евра, пренесува Јутарњи лист.

Таа зграда се вика „Чудовиште“, и се наоѓа во Хонг Конг. Поточно, станува збор за пет меѓусебно поврзани згради кои сочинуваат комплекс со 2.243 станови, во кој моментално живеат околу 10.000 жители.

„Чудовиштето“ е најпознатиот пример на брутализам во архитектурата во Хонг Конг. Планот бил да се населат што повеќе луѓе во зградата, па така просторот е максимално искористен. Но, за разлика од таквите градби во источна Европа, па дури и на запад, делови од „Чудовиштето“ се обоени вертикално во разни бои, што му дава ноти на разиграност и лелеавост, кои се издвојуваат како спротивност на суровиот бруталистички стил.

Државата го изградила во 1960-тите по наглото зголемување на населението во Хонг Конг. Тоа беше комплекс од станови наменет пред се за социјално загрозеното население и работниците. Работите се сменија со текот на годините, па денес, како што објави локален Јутјубер, минијатурните станови од само 9 метри квадратни, поделени во спална, работна површина, кујна и простор за складирање, се изнајмуваат за 500 евра месечно.

Инаку, Хонг Конг е наводно најскапиот град во светот, пред Сингапур и голем број швајцарски градови. Според истражувањето на компанијата за финансиски консултантски услуги Mercer, овој кинески регион веќе трета година по ред се смета за најскапо место за живеење.