По повод 81 година од првото училиште на македонски јазик на слободна територија (Подвис, 23 септември 1943 година), в недела, планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ го организира вториот планинарски марш на релација: село Подвис (660 метри надморска височина) – црква „Свети Атанасиј“ (старо село Подвис, 810 метри надморска височина) – Ледина (1.065 метри надморска височина) – врв Планиница (1.391 метар надморска височина) – прво училиште на македонски јазик (старо село Подвис, 850 метри надморска височина) – село Подвис (660 метри надморска височина).
Акцијата се одвива по кружна, маркирана планинарска патека во должина од 14 километри и висинска разлика од 730 метри, која, според карактеристиките на теренот, се квалификува во категоријата лесни планинарски акции.