Магија на уметноста и фолклорот

62

Викендов во Ѓорче Петров беше исполнет со култура, уметност и заедништво, што ги обедини сите генерации на едно место. Во Домот за култура „Ѓорче Петров“, граѓаните имаа привилегија да уживаат во спектакуларниот мјузикл „Приказната за генијалната Матилда“, кој ги остави сите без здив.

-Младите таленти од нашата општина го покажаа својот неверојатен талент и страст, пренесувајќи магија на сцената. Оваа изведба беше вистинска гордост за Ѓорче Петров -“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски додавајќи дека младите уметници го докажале својот и дека ова е уште еден доказ дека културата е силен столб во оваа општина.

-Од музичките нумери како „Гласно“, „Деца на револтот“ и „Училишна песна“, до извонредната актерска игра, вечерта беше исполнета со радост и емоции. Публиката беше фасцинирана од енергијата и креативноста на младите учесници, а Домот за култура беше преполн со поддршка за новата генерација на уметници – информираа од Општина Ѓорче Петров.

Во неделата, пак, паркот во Ѓорче Петров блесна во духот на македонскиот фолклор со манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“.Учесниците од седум културно-уметнички друштва ја оживеаја македонската традиција преку богати фолклорни танци и игри, создавајќи вистинска фолклорна магија во срцето на Ѓорче Петров.

-Оваа манифестација го покажува нашиот силен дух и нашата љубов кон македонската култура.„Иако времето не ни беше наклонето, дождот не можеше да ја расипе атмосферата. Заедништвото и радоста што ги донесоа учесниците и публиката беа посилни од сè – нагласи Стојкоски потенцирајчи дека настанот завршил со заедничко оро, во кое сите присутни се фатиле за раце и ја споделиле радоста на фолклорот.