Се обновува зелениот појас од мостот „Беласица“ до мостот „Генерал Михајло Апостолски“

53

Град Скопје продолжува со втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар.

-Реконструкцијата се одвива во повеќе фази, со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило – посочуваат градските власти.

Тие појаснуваат дека во втората фаза се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар на потегот од мостот „Беласица“ до мостот „Генерал Михајло Апостолски“, при што со овој проект се формира нов зелен појас со нова хидрантска мрежа на површина од 12.000 квадратни метри и должина од над 1.500 метри. Проектот во сите фази го изведува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.