На четири локации во Белград од денеска се применува системот за автоматско откривање на пречекорување на дозволената брзина.
На овие локации дозволена е брзина до 50 километри на час.
Системот ќе се применува на булеварот Михајло Пупин – Бранков Мост, на раскрсницата на булеварот Никола Тесла и улицата Ушќе, на раскрсницата на улиците Антифашистичка борба и Јуриј Гагарин, како и на булеварот Крал Александар.
На сопственикот на возилото ќе му биде доставена покана да достави точни податоци на лицето кое управувало, доколку прекршокот не го сторил сопственикот на возилото, пишува Danas.rs.