Новак Ѓоковиќ даде изјава за неговите идни планови, поради што ги изненади многумина. Тој истакна дека не го интересира ниту завршниот Мастерс, ниту АТП листата, односно местото каде ќе ја заврши сезоната.
- Финалето на АТП не е моја цел, кариерата ја завршив со турнири. Мои главни приоритети се репрезентацијата и Грен слемовите. Пласманот и позицијата на листата не ми се важни, изјави Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ остана без титула на сите четири Грен слемови сезонава, а единствената титула што ја освои е олимпиското злато во Париз.