Половина Европа е под вода: Будимпешта се подготвува за КАТАСТРОФА НА ДЕЦЕНИЈАТА!

Незапамтени поплави предизвикани од циклонот Борис ја погодија централна Европа. Најмалку осум лица загинаа, а пороите се уште носат се пред себе. Илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Во Будимпешта во подготвуваат за „поплавата на деценијата“.

248
EPA-EFE/MACIEJ KULCZYNSKI

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа се искачи на осум, a илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот Борис донесе поројни дождови од Австрија во Романија, што доведе до најтешките поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска. На нозе е и Унгарија, а во Будимпешта од полноќ е на сила највисокото ниво на подготвеност за одбрана од поплави долж целиот брег на Дунав. Според најавите, во наредните денови се очекува поплавен бран.

Градоначалникот на Будимпешта Гергељ Карачони изјави дека на Будимпешта и се заканува најголемата поплава во последната деценија.

Поради огромниот пораст на водостојот на Дунав поради обилните врнежи во претходните денови, Будимпешта сериозно се подготвува за можни поплави. Откако циклонот Борис донесе поројни дождови и катастрофални поплави во делови од Европа, властите во Будимпешта не препуштаат ништо на случајноста.

Раководителот на главната управа за води објави соопштение во кое на населението му се даваат упатства како да постапат и кому да се обратат во случај на поплави.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја. Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

Во Полска автомобил кој бил на патот, бил однесен од поплавата, па семејството не можело да излезе од возилото. За среќа, пожарникарите успеале да ги спасат родителите со децата.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата влада ќе прогласи ситуација на природна катастрофа додека земјата се бори со поплавите. На Полска и се заканува уште посилен бран на поплави.

Околу 140 патници и членови на екипажот останаа заробени на брод за крстарење во Австрија поради порастот на нивото на Дунав и поплавите кои ја погодија Европа.