Пеп Гвардиола кандидат за најтешката работа на светот

107
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалската асоцијација на Англија е во потрага по нов селектор. Ли Карсли е привремено решение по разделбата со Герет Саутгејт, а сега се разгледуваат сите можни опции кога е во прашање жешкото столче.

Британски „Телеграф“ ги откри имињата на кандидатите кои ќе бидат интервјуирани за функцијата селектор. Тоа се Еди Хау, Греам Потер и Френк Лампард.

Хау во моментов е на клупата на Њукасл, но се погласни се шпекулациите дека наскоро би можел да добие отказ. Станува збор за 46-годишен стручњак кој ги презеде „страчките“ во 2021 година, а во Бурнмаут помина 11 години.

Греам Потер (49) веќе една година е без работа откако доби отказ од Челзи, а претходно со значителен успех раководеше со тимот на Брајтон.

Третиот кандидат, Френк Лампард (46) моментално е невработен. Последниот ангажман го имаше во Челзи и имаше епизоди на клупите на Евертон и Дерби.

Овие три имиња не влеваат преголем оптимизам кај англиските навивачи, но затоа сите во ФА имаат едно име на памет, а тоа е Пеп Гвардиола.

Челниците на ФА се обидуваат на секаков можен начин да го убедат шпанскиот стручњак да ја преземе репрезентацијата откако ќе го заврши договорот со Манчестер Сити следнтото лето.

„Еди Хау, Греам Потер и Френк Лампард се на радарот на ФА. Сепак, ФА сонува за ангажман на Пеп Гвардиола“, тврди „Телеграф“.

Пред неколку месеци Гвардиола најави можно заминување од Сити, чија управа сака да го задржи во својот тим.

Нема дилема дека Англичаните ќе бидат со отворени раце кон Гвардиола и ќе видиме каков однос ќе има големиот стручњак кон селекторската работа. Да потсетиме, Гвардиола тренерската кариера ја започна во Барселона, а покрај Сити раководеше и со Баерн (М).