Посетител на националниот парк Карлсбад Кавернс во Ново Мексико, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, фрлил кеса со чипс, што е строго забрането во пештерата и на тој начин го уништил целиот екосистем во неа.

Обичната вода  е единственото нешто што на посетителите им е дозволено да го консумираат внатре во огромната пештера во националниот парк Карлсбад Кавернс во Ново Мексико. Сè друго, вклучително и чипсот, е забрането, а неодамнешниот посетител на паркот кој испуштил кеса со чипс имал „огромно влијание“ врз екосистемот на пештерата, велат чуварите на паркот во објава на Фејсбук.

„Од човечка перспектива, истурената кеса со грицки може да изгледа безначајно, но е исклучително важна за животот во пештерата“, наведуваат чуварите во објавата за ѓубрето пронајдено покрај патеката во Големата соба. Преработената пченка, омекната од влагата во пештерата, создаде совршена средина за живеење на микробите и габите. Пештерски штурци, грини, пајаци и мушички брзо се организирале во привремен синџир на исхрана, расфрлајќи ги хранливите материи во околните пештеро и формации. Мувлата брзо се проширила по блиските површини, почнала да зрее, гние и мириса. И циклусот продолжува“.

Ренџерите потрошиле 20 минути внимателно отстранувајќи мувла и остатоци од површините внатре во пештерата, истакнувајќи дека делови од екосистемот што биле најдени во остатовите од чипсовите се вообичаени во пештерите, но дека многу микроби и мувла не се.

Во објавата тоа влијание на пештерата е наречено “целосно непотребно“.

„Без разлика дали сме големи или мали, сите оставаме влијание каде и да одиме. Ајде сите да го оставиме светот подобро место отколку што го најдовме“, ги повикуваат посетителите на паркот.

Веб-страницата на паркот наведува дека консумирањето храна и пијалоци, сè освен обична вода, ги привлекува животните во пештерата.

Големата соба во Националниот парк Карлсбад Кавернс е најголемата единечна пештерска комора по волумен во Северна Америка. До неа е пристапна релативно рамна патека долга два километри. Пештерата е формирана пред милиони години кога сулфурна киселина го растворила варовникот, создавајќи пештерски премини.

Како што дополнително појаснија, на ваквите области треба да се почитува правилото „не оставај траги зад себе“.Спротивно на популарното верување, пештерата не е голема корпа за отпад. Сепак, и покрај тоа ренџерите ги собираат отпадоците секој ден. Некогаш тоа се хартии од гуми за џвакање, марамчиња, но и човечка плунка или тутун за џвакање“, наведуваат од паркот и додаваат дека ги замолуваат посетителите да не оставаат ѓубре во пештерата, туку тоа да го прават во кантите поставени на местата за одмор.Големата соба во Националниот парк Карлсбад Кавернс е најголемата единечна пештерска комора по волумен во Северна Америка. Достапна е по релативно рамна патека долга околу два километри. Пештерата е формирана пред милиони години кога сулфурната киселина го растворила варовникот, создавајќи пештерски премини.