Тајфунот Јаги го погоди Мјанмар: Над 100 настрадани, 320.000 принудени да се евакуираат во привремени засолништа

108
Фото: EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Повеќе од 100 луѓе загинаа во поплавите и одроните предизвикани од тајфунот Јаги што го погоди Мјанмар.

Зав Мин Тун, портпарол на владејачката воена хунта, рече дека е потврдена смртта на 113 лица, а 64 други се водат како исчезнати, иако регионалните извештаи покажуваат дека реалниот број на загинати може да биде поголем.

Во меѓувреме, над 320.000 луѓе беа принудени да се евакуираат во привремени засолништа.

Главниот град на земјата, Најпидау, е меѓу најтешко погодените, а локалните медиуми објавија дека властите поставиле повеќе привремени кампови за да им помогнат на оние што останале без покрив над главата.

Најсилното невреме во Азија оваа година, тајфунот Јаги, ги погоди и Виетнам, кинескиот остров Хаинан и Филипините.

Градоначалникот на Будимпешта издаде предупредување за поплави
Лидерот на воената хунта, генерал Мин Аунг Хлаинг и други официјални лица ги посетија поплавените подрачја.

Вчера владејачката воена хунта побарала хуманитарна помош од странство за да се справи со последиците, јавуваат државните медиуми.